Тренерот на Борусија удри по УЕФА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борусија Дортмунд вечерва е поразена на домашен терен од Монако (3:2) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот во Дортмунд требаше да биде одигран синоќа, но е одложен за денеска поради бомбашкиот напад на автобусот на германската екипа.

Во експлозијата повреда на раката се здоби Марк Бартра кој мораше на операција, додека на среќа останатите членови на клубот не беа повредени.

Тренерот на Дортмунд, Томас Тухел, изјави дека не може да сфати зошто УЕФА го одложи овој натпревар само за 24 часа после се што се случило вчера.

Тој додаде дека никој не ги прашал дали се во состојба денеска да истрчаат на терен.

„Никој нас не не праша дали можеме да играме, добивме СМС порака од седиштето на УЕФА дека натпреварот ќе се игра денес.

Тие ова го третираа како да е лименка од пиво фрлена на автобус. Јасно е дека ни требаше многу повеќе време да дојдеме при себе од овој шок“, рече Тухел.