Трета победа за МЗТ – Македонскиот шампион го прегази ФМП


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа во Јане Сандански со во натпревар од десетото коло од АБА лигата против ФМП.

    Одличен старт имаа домашните кошаркари и стигнаа до предност од девет погодоци, 14:5. Таа предност подоцна во првата четвртина се зголеми на петнаесет поени, 25:10, а после првата четвртина резултатот на семафорот беше 26:14. Кошаркарите на МЗТ одлично играа и во втората четвртина во која стигнаа до огромна предност од 22 поени, 45:23. Гостите до полувреме ја намалија негативата на 17 поени, 49:32. Доминацијата на кошаркарите на МЗТ продолжи и во третата четвртина, а во последните десет минути од натпреварот влегоа со предност од 21 поен, 71:50. Во последната четвртина ја видовме и најголемата предност на МЗТ во натпреварот, 27 поени, 89:62. МЗТ ја запиша третата победа во АБА, 89:68.

    Дреновац со 24 поени го предводеше МЗТ до победа. Симоновски додаде 15, Кларк и Темс по 11 поени. Кај ФМП најрасположен за игра беше Апиќ кој постигна 12 поени.