Три работи кој што Арсенал треба да ги направи за да избегне понижување на „Стемфорд Бриџ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Сезоната за Арсенал, не започна најдобро, загубија два натпревари едно по друго, но минатиот викенд по победата над Борнмаут, тие успеаја да го избегнат најлошиот старт во Премиер Лигата во последните 35 години. Сега на ред е вистински тест против Челзи, дерби дуелот кој ќе покаже дали тимот на Венгер сеуште има шанси за титула или пак, ќе биде нокаутиран од Наглискиот шампион.

Арсенал не е тим кој добро игра на гостински терен, тоа го покажаа и минатогодишните дерби натпревари каде што Арсенал не осови ниту боде кај водечките тимови на табелата.

Дербито секогаш е интересно помеѓу Арсенал и Челзи, но иако „Сините“ се фаворити и играат на домашен терен ако Арсенал ги исполни следниве неколку работи би можел и тоа како да му се закани на Антонио Конте и неговиот тим:

1. Ако одбраната биде на висина на заддачата.

Арсен Венгер, од крајот на минатата сезона почна да користи нова формација, па така сега тој игра со три ддефанзивци кога се во напад, а со пет кога се во одбрана. Оваа формација тренерот на „Топчиите“ ја употребува и во новата сезона, но тоа баш многу и ни им донесе резултати, бидејќи немаше дефанзивец кој може да игра одлично со топка и да ги пронаоѓа средните играчи, па изгледаше како фудбалерите на Арсенал да играат на погрешни позиции.

Ако Арсенал, успее да одигра во одбраната цврсто и дисциплинирано англиските експерти сметаат дека имаат шанси против фаворизираниот Челзи.

2. Да се бранат длабоко и да напаѓаат од контра напади

Долго време, Арсенал негува убав стил на игра, но тоа некогаш не носи резултати. Венгер е познат по тоа неговиот тим да доминира низ целиот натпревар, а потоа противничкиот тим да искористи една контра и да им ги поремети сметките. Затоа Арсенал ако сака да извлече позитивен резлутат од Стемфорд Бриџ, мора да се откаже одд нивниот „убав“ стил и да игра на контра напади.

3.Да го седнат Месут Озил на клупа

Месут Озил е извонреден фудбалер и не е толку лош ниту оваа сезона, но го нема тој жар што навивачите о посакуваат кога е во прашање дерби натпревар. Тој оваа сезона ниту постина гол ниту асистираше, но е еден од играчите кој креираше најмногу шанси 15. Во голмите дерби натпевари, ерманецот секогаш се губи и неговото отсуство секогаш е видливо, па така тој би можел овој натпервар да го почне од клупата.