Тухел и Арсенал? Не од Лондон, Не од Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стигнуваат демантирања од сите страни.

Како бомба во неделата пукна веста дека Томас Тухел на лето ќе ја преземе клупата на Арсенал на местото на Арсен Венгер, но следниот ден се беше демантирано од двете адреси, Лондон и Дортмунд.

Прво топџиите соопштија дека не донеле одлука кој ќе го води тимот следната сезона, а потоа изјава даде и тренерот на милионерите.

„Не можам да ја коментирам информацијата на таа тема бидејќи не сум вклучен. Среќен сум со оваа работа која ја имам во Дортмунд. Имам важечки договор и другите работи не ме интересираат“, изјави Тухел.

Дортмунд моментално е трет во Бундеслигата, милионерите се во 1/4 финале во ЛШ.

Никогаш не се знае бидејќи информацијата ја објави германски Билд. Венгер после поразот од ВБА потврди дека донесе одлука што ќе прави во иднина, но треба дополнително да ја соопшти.