Тухел после повредите на неговите играчи: Потребен ми е план Д


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ Томас Тухел е многу загрижен поради повеќето повреди што им се случија на неговите играчи.

Да потсетиме, ПСЖ во вторник навечер гостува на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед во првиот меч од осмина финалето од ЛШ, а Тухел на таа средба покрај повредените Верати и Нејмар нема да може да смета ниту на Кавани кој синоќа се повреди.

Германскиот стручњат порача дека сега му е потребен план Д.

„Без Нејмар, а веројатно и без Марко и Едисон, потребен ми е план Д. Не можам толку однапред да размислувам. Мораме да се занимаваме со играта на Манчестер, да останеме мирни и полни со самодоверба“.

„Мојот став за тој натпревар е јасен. Неопходно е да ги имаме на располагање најдобрите играчи, како што беше случај со Ливерпул, дури и за Ѕвезда“, рече Тухел.