Убедлив пораз на Кожув од Пеџа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Кожув загубија во првиот натпревар од четвртфиналето на гостувањето кај Пеџа во БИБЛ со 83:66.

Фантастичен старт на домашните, серија од 10:0. Аникиенко и МекНил со пет поени во низа намалија на 17:10. До крајот на првата четвртина Абрамовиќ погоди тројка, а на другата страна Мијовиќ за два за 20:12 после десет минути игра. Хајдари и Рандлс во втората четвртина зголемија на плус девет за Пеџа, 27:18. Кожув преку Мијовиќ и МекНил намали на четири негатива, 30:26. Ахматбашиќ пред крајот на првото полувреме погоди тројка и две слободни фрлања за 36:28 на полувреме.

Домашните кошаркари на почетокот на третата четвртина постигнаа 9 поени во низа за 45:31. Весели и Мијаниќ зголемија на плус 16, 52:36. МекНил погоди две тројки во серија за намалување на негативата на 12 поени, 57:45. Пеџа со 14 поени предност влезе во последната четвртина од натпреварот, 62:48. Кошаркарите на Пеџа со серија од седум поени стигнаа до 21 поен предност, 72:51. Пеџа на крајот победи со 83:66.

Абрамовиќ ја предводеше Пеџа со 20 поени. Рандлс додаде 19, а Весели 17 поени. Кај Кожув најефикасен беше МекНил со 27 поени. Мијовиќ постигна 12, Хал 11, Крстевски 9, Аникиенко 5, а Стерјов 2 поени.