Убедлив пораз на Македонија од брзите словенци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија беше поразена од Словенија во натпревар од третото коло од групата Б со 29:22

Кире Лазаров и Дејан Манасков со два погодоци во низа му донесоа водство на Македонија, 1:2. Со четирите погодоци во низа на словенците за пресврт. Двата погодоци на Мачковшек и едниот на Чингесар и Маргуч му донесоа на Словенија водство, 5:2. Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски се повредија на почетокот на натпреварот, се опоравија и продолжија да играт.

Зарабец и голманот Скок после петнаесет минути игра зголемија на четири погодоци предност, 7:3. Доленец и Маргуч постигнаа два погодоци во низа за водство 11:6.

Безјак и Благотиншек во 24-та минута од првото полувреме му донесоа водство на Словенија, 6 погодоци, 14:8. Зарабец две секунди пред крајот на првото полувреме погоди за 16:10 на полувреме. Голманот на Словенија, Матевж Скок беше одличен на голот и беше еден од најзаслужните за водството од шест погодоци на Словенија на полувреме.

Најефикасен ракометар на Македонија во првите 30 минути беше Кирил Лазаров кој постигна 4 погодоци, три од пенал. Стојанче Стоилов постигна 2, а по 1 погодок постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски, Филп Талески и Дејан Манасков. Голманите Кирил Колев и Благојче Трајковски имаа вкупно 2 интервенции после првото полувреме. Двете интервенции ги направи Благојче Трајковски.

 

Мачковшек, Безјак и Габер на почетокот на второто полувреме погодија за 19:11. Следуваше серија на словенците од два погодоци. Благотиншек и Хенигман зголемија на 22:13.

Се играше гол за гол и осум минути пред крајот на натпреварот Македонија имаше негатива од 8 погодоци, 25:17.

На крајот Словенија славеше со 29:22, а во следното коло репрезентацијата на Македонија ќе игра против Шпанија.

Кирил Лазаров беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија со 9 погодоци. Стојанче Стоилов постигна 3, Стефан Дрогришки 2, Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Миркуловски, Никола Маркоски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски и Марко Нелоски постигнаа по 1 погодок. Голманите Кирил Колев и Благојче Трајковски беа катастрофални на овој натпревар, вкупно 6 интервенции и тоа сите на Благојче Трајковски.

Марко Безјак и Гаспер Маргуч ја предводеа Словенија до големата победа. Голманот на Словенија можеби беше и најзаслужниот за оваа голема победа на Словенија. Матевж Скок натпреварот го заврши со 16 интервенции и беше прогласен за играч на натпреварот.