УЕФА му зададе нови грижи на Просинечки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лоши вести доаѓаат од таборот на фудбалската репрезентација на БиХ. Дарко Тодоровиќ сепак нема да има право да настапи на утрешниот меч против Северна Ирска во рамките на Лигата на нации.

Имено, Тодоровиќ има картон кој го пренесе од младата репрезенација, но од УЕФА во понеделникот сојузот на БиХ беше обавестен дека Тодоровиќ има право да настапи и тој се најде во плановите на селекторот Просинечки.

Сепак денес пристигнала нова вест, дека сепак Тодоровиќ нема право на настап и нема да биде во комбинација за утрешниот меч.

Промени со повреда има Бојан Настиќ, па Просинечки се најде во нови проблеми.