До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот фудбалер е спремен да се врати во клубот под одредени услови…
Паоло Малдини повторно во Милан! Вест која долго, долго ја чекаат навивачите на Росонерите, паднатиот гигант кој веќе со години пробува да се врати на старите стази на слава. Сепак, тоа и да се оствари, според зборовите на Малдини, потребно е клубот да исполни одредени услови.
Независност во работата и јасни работите – тоа што Малдини бара од клубот кој моментално се наоѓа во процес на продавање.
Долгогодишниот сопственик Силвио Берлускони се одлучи да го продаде клубот на кинескиот конзорциум, но моментално дојде до застој и поедини медиуми тврдат дека инвеститорите од Далечниот Исток немаат потполно чисти пари и банкарски гаранции.
„Вистина е дека се сретнав со Фасоне и Мирадели во мојата куќа, ми е речено дека целта е Милан во наредните пет години да се врати во самиот врв на европскиот и светскиот фудбал.
Мојата историја како човек и играч на Милан ме тера да сакам да разберам идејата на новите инвеститори, нивниот проект и тоа како размислуваат. Морам да го слушнам тоа директно од нив. Ако веќе влезам во оваа работа мојата личност, срце и страст, ќе работам 24 часа дневно, 365 дена годишно, тогаш сакам за се тоа да биде бидејќи се работи за еден навистина сериозен проект. Спремен сум да го променам својот живот. Милан е тој кој ме повика, па така мое право е да сакам да разговарам со инвеститорите при прифаќање на било каква улога.
Ова е работа на принцип и некој вид на правда. Читав дека не се сложувасв во финансискиот поглед – никакви барања воопшто не сум поставил, тоа не е точно“.
Милан е единствен клуб за кој Малдини играше во кариерата. Освои вкупно 26 трофеи со Росонерите, а неговиот дрес со број три е повлечен од употреба.















