До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Костас Манолас одби 2.5 милиони евра по сезона, па и понатака е неизвесна неговата судбина.
Грчкиот дефанзивец игра одлично во последно време и Рома сака на сите начини да го задржи во клубот, свесна е дека овој играч го сака Арсенал.
Имено, Топџиите нудеа 40 милиони евра за Манолас во летото, но Рома ја одби таа понуда.
На играчот потоа понудија 2.5 наместо 1.8 милиони по сезона, но Манолас го одби тоа бидејќи смета дека заслужува барем уште пола милион повеќе.
Поранешниот играч на АЕК и Олимпијакос даде ултиматум до управата на Рома – или повеќе пари или да го продадат во Арсенал.
Но управата сега пронајде решение, т.е ќе проба да го задржи Гркот.















