„Умтити може да биде црниот Бекенбауер“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Поранешниот француски дефанзивец Ерик Абидал го пофали стоперот на Барселона Самуел Умтити истакнувајќи дека тој по квалитет може да го достигне легендарниот Франк Бекенбауер.

    Абидал, кој беше дефанзивец на Барселона од 2007 до 2013 година, смета дека 22-годишниот Умтити има потенцијал со невидени размери.

    „Умтини е многу подобар од мене. Тој во Барселона ќе биде црниот Бекенбауер“, рече пензионираниот Абидал, кој кариерата ја заврши поради хронички проблеми со црниот дроб.

    Самуел Умтити од 2012 година беше член на Лион, а во летото ја засили Барселона во трансфер вреден 25 милиони фунти. Во истиот период избори и повик на селекторот Дидие Дешан во француската репрезентација, каде што го замени повредениот Адил Рами.