Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Норвешка ја победи Унгарија во натпревар од четвртфиналето на СП, 31:28.
Норвежаните започнаа одлично. Хансен, Сагосен, Тонесен, Мирхол и Бјорнсен погодија за водство на Норвешка, 6:1.
Хансен и Тонесен зголемија на 8:2 во 11-та минута од првото полувреме. Норвешка со погодоците на Јоханесен и Хикеруд стигна до водство од 7 погодоци, 11:4.
Пред крајот на првото полувреме Мирхол и О’Саливен пред крајот на првото полувреме погодија за 17:10.
Ракометарите на Норвешка во второто полувреме стигнаа и до двоцифрена предност на натпреварот. Јондал два пати и еднаш Сагосен погодија за 26:16 во 44-та минута.
Бодо и Габор намалија на 26:18. Десет минути пред крајот на натпреварот Норвешка имаше водство од осум погодоци, 29:21.
Унгарците со двата погодоци на Габор и едниот на Бодо стигнаа до шест негатива, 29:23. Габор и Бодо постигнаа два погодоци во серија за 30:25.
Норвешка на крајот победи со 31:28 и се пласира во 1/2 финале. Еспен Лие Хансен ја предводеше Норвешка до победа со 6 погодоци. Кај Унгарија најефикасен беше Габор со 11 погодоци.