Ураганот Ливерпул уништува се пред себе – Црвените освоија сет на Енфилд


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Ливерпул во натпревар од 11-то коло од ПЛ одигран на Енфилд славеа со 6:1 против Вотфорд.

    Од самиот старт на натпреварот четата на Јирген Клоп тргна по погодок. Тоа им се исплати во 27-ма минута кога Садио Мане на центаршут на Филипе Кутињо со глава ја затресе мрежата на Гомес за водство на црвените. Три минути подоцна Гомес повторно ја вадеше топката од мрежата, стрелец Филипе Кутињо. Две минути пред крајот на првото полувреме Емре Чан со глава на асистенција на Адам Лалана го зголеми водството на Ливерпул на 3:0. Милнер се закани во финишот на првото полувреме, но Гомес одбрани. Во второто полувреме во периодот од 57-ма до 60-та минута фудбалерите на Ливерпул постигнаа уште два погодоци. Роберто Фирмињо и Садио Мане беа творците на тие два погодоци, 5:0. После петиот примен погодок Вотфорд имаше две шанси за погодок преку Капуе, но не ги искористи. Дарил Јанмат во 75-та минута го постигна единствениот погодок на натпреварот за гостите. Даниел Стариџ се закани по голот на Гомес за да постигне шестиот погодок за Ливерпул на денешниот натпреварот, но среќата му го сврте грбот, ја погоди пречката. Вијналдум во 91-ва минута ги постави конечните 6:1. Црвените на крајот се радуваа на новата победа и лидерската позиција на табелата во ПЛ.

    Ливерпул после денешната голема победа има еден бод предност пред Челси кој се наоѓа на втората позиција. Во следното коло Ливерпул му гостува на Саутемптон, а Вотфорд на домашен терен го пречекува актуелниот шампион, Лестер.