Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес ќе се одиграат два четвртфинални натпревари во рамките на Светското првенство во Русија.
Еден од нив е Уругвај-Франција. Дешамп нема проблем со повредени играчи во својот тим, но затоа пак Табарез најверојатно ќе не може да смета на својата ѕвезда, Едисон Кавани.
Кавани во осминафиналето против Португалија постигна два гола, но заработи и повреда поради која мораше да ја напушти средбата 10 минути пред крајот.
Селекторот Оскар Табарез на прес конференцијата пред средбата со Франција одби да открие дали Кавани е опоравен од повредата и дали ќе биде во составот. Сепак напаѓот е снимен како тренира одвоено од тимот, па сега е веќе јасно дека нема да биде дел од стартните 11, а прашање е дали воопшто ќе заигра во овој дуел.
Сепак добри вести за Уругвај се дека Кавани почна да тренира, меѓутоа неговото отсуство може да ги промени плановите на Уругвајците и не е јасно какви промени ќе направи Табарез, доколку Кавани не биде спремен. Дали ќе оди со еден напаѓач, Луис Суарез или пак со друга формација, останува да видиме.
Así se mueve Cavani esta tarde pic.twitter.com/0wy9PAC68j
— Daniel Rosa (@danirro) July 5, 2018