Уште еден германец ќе пристигне во Шкендија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Шкендија ќе се засили со уште еден германски фудбалер.

Се работи за германски дефанзивец кој има соработувано со новиот тренер на Шкендија, Томас Брдариќ во вториот тим на Волфсбург.

Шкендија продолжува да се засилува во зимскиот преоден рок, а последното име кое беше договорено е Тобијас Хенебел.

Хенебел има 24 години и во својата кариера има играно за вторите тимови на Франкфурт и Волфсбург, а неговиот последен клуб беше Мајорка.

Ова ќе биде втор германец кој ќе пристигне во Шкендија оваа зима после Дино Меѓедовиќ.