Уште еден клуб заинтересиран за Ивановиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голем број на клубови се заинтересирани за услугите на Бранислав Ивановиќ.

Меѓу нив се наоѓаат Барселона, Јувентус, Милан, Бешикташ и Вест Хем.

Во траката сега се вклучи и Валенсија, која веднаш сака да ја засили својата последна линија, пишува „Superdeporte“.

Капитенот на Србија се вклопува во визијата на лидерите на клубот бидејќи е искусен и може да одговори во центарниот и страничниот дел.

Договорот на Ивановиќ со Челси му истекува во летото 2017. година, но сигурно е дека искусниот дефанзивец наскоро ќе го напушти Челси.

Во прилог оди и тоа што во последните два и пол месеци одигра само 25 минути.