Уште еден сензационален трансфер во најава: Ди Марија го напушта ПСЖ за 80 милиони евра!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доаѓањето на Јулијан Дракслер би можело да значи и заминување на Анхел Ди Марија од Париз. Аргентинецот не е задоволен, Унаи Емери од него очигледно не го извлече најдоброто, но и по заминувањето од Реал одличниот играч веќе не е ниту бледа копија.

Угледниот „L`equipe“ тврди дека Хорхе Мендес веќе преговара со Кинезите. Не е откриено името на клубот, но се знае дека ќе има огромна плата. Споменатиот весник тврди дека би го надминал и својот сонародник Карлоз Тевез, бидејќи Ди Марија навистина е омилен во Азија.

Со право се поставува прашањето дали е премногу рано за Кина? Анхел има 28 години, но огромната понуда може навистина да го убеди да ја промени средината и да ја напушти Европа.

Се очекува Кинезите, доколку се договорат со Мендес, да им понудат на ПСЖ неверојатни 80 милиони…