Уште една битка за Лондон: Арсенал или Челзи, кој ќе биде поуспешен денеска…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 

 

Секогаш е интересно кога ќе се сретнат најлутите лондонски ривали меѓусебе. Денеска тие ќе ги одмерат силите во натпреварот  од рамките на „Комјинити Шилд“ купот , кој ќе се одигра  на Вембли и ќе се сретнат победникот на купот Арсенал и шампионот во Англиската Лига, Челзи.

Нема ни три месеци кога последен пат овие два тиме играа на истиот стадион,  каде што Арсенал во финалето од ФА купот, ги победи „Сините“ и до некаде ја спаси сезоната, но сега тимот на Антонио Конте е засилен и сака одмазда.

Арсен Венгер пак нема некои поголеми промени во ростерот, единствено французинот Лаказет кој што би можел дури и да биде стартер на денешниот дуел, но најважно од се за тимот на Арсенал е што остнаа двете најголеми ѕвезди во тимот, Алексис Санчез и Месут Озил.

Алваро Мората се очекува да биде стартер за тимот на Челзи, денеска и да покаже дека не се залудно патени тие 75 милиони евра.

Овој натпревар е предвесник на новата сезона во најсилната фудбалска лига на светот, Премиер Лигата која започнува следната недела.