Уште проблеми за Интер: Чилеанецот суспендиран на три меча!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Чилеанецот нема да има право за настап во наредните три натпревари на Неаѕурите будејќи со лакт го удри фудбалерот на Аталанта Јасмин Куртиќ.

    Гари Медел вчера во Бергамо, каде што Интер е поразен од Аталанта со 2:1, помина неказнето порад овој неспортски потег, судијата не го виде неговиот удар со лакт, но не и дисциплинската комисија.

    Камерите се забележаа, па репрезентативецот на Чиле доби три натпревари суспензија.

    Тоа значи дека нема да игра на претстојните првенствени мечеви против Торино, Сампдорија и Кротоне, а ќе биде во комбинација за дерби „Дела Мадонина“ против Милан кој е на програмата на 20 ноември.