Фантастичен финиш на Фенербахче – Шест поени на Антиќ во новата победа на својот тим


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фенербахче на домашен терен во натпревар од четвртото коло од турската суперлига славеа против Пинар Каршијака со 84:75.

    Гостите одлично го отворија натпреварот со водство од 2:6. Избраниците на Жељко Обрадовиќ набрзина направија пресврт и имаа водство од осум поени, 15:7. Кошаркарите на Пинар Каршијака вратија со серија од единаесет коша и повторно го презедоа водството, 15:18. После првата четвртина Фенербахче имаше негатива од два поени, 19:21. Повторно гостите стартуваа одлично, постигнаа пет коша во серија за водство од седум поени, 19:26. Тоа водство подоцна се зголеми на девет поени, 31:39. На полувреме резултатот беше 36:39. Како и по навика на денешниот натпревар гостите беа фантастични на стартот, осум поени предност, 36:44. На тоа големо водство домашните кошаркари одговорија со една голема серија и стигнаа до водство од пет поени, 49:44. Пред крајот на третата четвртина Фенербахче повторно ја врати предноста од пет поени, 60:55. Кошаркарите на Пинар Каршијака на стартот на последната четвртина го презеде водството, 63:65. Во последната минута од четвртата четвртина домашните кошаркари направија девет поени предност, 80:71 и ја осигураа третата победа оваа сезона во турската суперлига. На крајот Фенербахче славеше со единаесет поени, 84:75.

    Али Мухамед беше најефикасен со 16 поени. Удох го заврши натпреварот со 15 поени, а Весели постигна 14 поени. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ го заврши натпреварот со 6 поени.