Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Чешката тенисерка Петра Квитова се пласираше во финалето на Австралија Опен.
Таа во полуфиналниот дуел ја порази Американката Даниеле Колинс со 2-0 во сетови, со 7-6 и 6-0.
Колинс нешто подобро го отвори мечот и во средната на првиот сет направи брејк, но Квитова веднаш возврати. и еден гем подоцна таа влезе во тај брејк.
Таму подобро се снајде Чехињата, која славеше со 7-2. Квитова во вториот сет буквално доминираше и победи со 6-0.
Во финалето ќе се сретне со Наоми Осака.
Инаку, за Квитова ова ќе биде прво финале на АО, а ќе проба да дојде до третата титула во Гренд Слем во кариерата. Претходно два пати го освои Вимболдон.