Федерер повторно имаше проблеми, но повторно победи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вториот носител на турнирот во Дубаи, Роџер Федерер денес се пласираше во 1/4 финалето на овој турнир.

Тој во меч од второто коло беше подобар од искусниот Шпанец Фернандо Вердаско со 2-1, по сетови 6-3. 3-6 и 6-3, а после едноиполчасовна борба.

Во секој од трите сета пресуди по еден брејк. Федерер успеа да се избори во првиот и третиот, а Вердаско во вториот сет.

Да потсетиме, Швајцарецот во првото коло мораше да игра три сета против Германецот Колшрајбер.

Во четвртфиналето Федерер ќе се судри со Унгарецот Марон Фуксович, кој до 1/4 финалето пристигна без изгубен сет во мечевите со Џумхир и Штруф.