Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во второто коло на Австралија Опен.
Тој во првото коло денес играше против Истомин и со лесни 3-0 ја заврши работата. Швајцарецот на теренот делуваше многу добро и покажа дека годините ништо не му можат.
Првиот сет го доби со 6-3, додека вториот сет заврши со 6-4.
Во продолжението беше јасно дека Истомин нема сила да се врати и да приреди чудо и беше јасно дека се е готово. И во третиот сет Федерер славеше со 6-4.