Фенербахче го совлада Ефес за враќање на победите – За шест минути само два поени на Антиќ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фенербахче славеа со 88:80 против Анадолу Ефес во осмото коло од Евролигата.

    Првата четвртина гостите ја добија со 17:25. Кошаркарите на Фенербахче во втората четвртина ја намалуваа предноста и на крајот направија пресврт. Предност од еден поен на полувреме, 43:42. Домашните повторно беа фантастични во финишот и во последните десет минути од натпреварот влегоа со предност од три поени, 64:61. Фантастично ја одиграа последната четвртина домашните и славеа со 88:80.

    Костас Слукас со 21 поен беше најефикасен во тимот на Фенербахче. Јан Весели додаде 20 поени, а двоцифрени натпреварот го завршија и Луиџи Датоме со 11 поени и Мелих Махмутоглу кој постигна 10 поени. Перо Антиќ за шест минути игра постигна само два поени. Џејсон Грејнџер најмногу се истакна во тимот на Ефес со 19 поени.

    Фенербахче ја прекина серијата на порази со денешната победа. Во следното коло му гостуваат на Милано, а Ефес во Турција ќе ја пречека Црвена Звезда.