Фенербахче подобар од Жалгирис – Скромни три поени на Перо Антиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Фенербахче победија на гости против Жалгирис во натпревар од 24-то коло од Евролига, 67:76.

На почетокот на натпреварот се менуваа водствата. После првите десет минути игра гостите од Турција заминаа со предност од 2 поени, 17:19. Фенербахче стигнаа во втората четвртина до првото поголемо водство на натпреварот, 5 поени, 21:26. Кошаркарите на Жалгирис постигнаа поени серија и направија пресврт, 28:26. Литванците на полувреме имаа минимално водство, 31:30.

Фенербахче во третата четвртина се разиграа, па пред последните десет минути од натпреварот имаа водство од 7 поени, 48:55. Во последната четвртина гостите стигнаа до двоцифрена предност, 58:68. Турскиот клуб на крајот победи со 67:76.

Јудо со 16 поени го предводеше Фенербахче. Махмутоглу и Богдановиќ додадоја по 14, Диксон 12 поени. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ за 15 минути постигна 3 поени. Кај Жалгирис најмногу се истакна Јанкунас со 15 поени.

Шеснаесета победа за Фенербахче, а четиринаесети пораз за Жалгирис во оваа сезона во Евролигата.