Фенербахче се врати од голема негатива – Нула на Антиќ во победата против Галатасарај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Фенербахче го победија Галатасарај во натпревар од Евролигата со 85:80.

Галатасарај подобро играше во првата четвртина. Во првите десет минути од натпреварот гостите стигнаа и до двоцифрена предност, 11:22. Резултатот што стоеше на семафорот после првата четвртина беше 19:27. Кошаркарите на Галатасарај одиграа одлично и во втората четвртина, а на полувреме имаа предност од 13 поени, 41:54.

Домашните во третата четвртина ја намалуваа предноста на Галатасарај. Пред последните десет минути кошаркарите на Фенербахче имаа негатива од два поени, 64:66. Во последната минута од натпреварот Фенербахче стигна до водство, 79:78. Фенербахче на крајот победи со 85:80.

Јан Весели со 20 поени го предводеше Фенербахче. Перо Антиќ за 12 минути не постигна ниту еден поен. Блејк Шилб беше најефикасен кај Галатасарај.