Фенерџијата Сандерленд лесен залак – Агуеро и Сане ја продолжија победничката серија на Сити (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити победија на стадионот на светлоста против Сандерленд во натпревар од 27-мо коло во ПЛ, 0:2.

Домашните први се заканија посериозно по голот. Дефо шанса за погодок, но Кабаљеро го одбрани неговиот удар. Три минути пред крајот на првото полувреме Агуеро ја затресе мрежата на Сандерленд за водство на граѓаните.

После еден час игра во листата на стрелци се запиша и Сане кој го зголеми водството на гостите. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а Манчестер Сити се радуваше на новата победа.

Граѓаните после денешната победа ќе имаат натпревар и бод помалку од Тотенхем кој е втор, а осум помалку од лидерот Челси кој го нема одиграно натпреварот од 27-мо коло.