Фергусон веќе знае кој може да изненади во Лигата на шампионите


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон зборуваше за продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите.

    Фергусон се одлучи посебно да ја издвои екипата на Лестер за која екипа смета дека во Премиер лигата нема да може многу да направи во оваа сезона, но дека во Лигата на шампионите може да отиде многу далеку.

    „Ќе биде многу тешко на Лестер во Премиер лигата, но во Лигата на шампионите, после три победи од три меча, мислам дека се спремни да отидат далеку, иако не верувам дека може да го освојат трофејот“, рече Феругсон.

    Да потсетиме Лестер наредниот меч во ЛШ го играат против Копенханген и тоа во гости.