Фернандез во последна секунда и донесе победа на Севиља, Виљареал лесно си помина на Росаледа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се одиграа уште два натпревари од третото коло од шпанската Ла Лига.

Фудбалерите на Виљареал славеа на Росаледа против Малага со 0:2. Коста во 33-та минута погоди за водство на жолтата подморница. Дефанзивецот на Малага, Велингтон во 39-та минута направи прекршок во казнениот простор и Маљенко досуди пенал. Топката ја зеде Бруно, шутираше, но Идрис Камени ја погоди страната и го одбрани шутот. Сансоне пред крајот на првото полувреме од два обиди во еден напад постигна погодок. Прво шутот му го одбрани Идрис Камени, а потоа од одбиената топка се најде на вистинското место и го зголеми водството на жолтата подморница. Во вториот дел без посериозни шанси за погодок и Виљареал ја запиша првата победа оваа сезона.

Натпреварот на Рамон Санчез Пискуан заврши 2:1 помеѓу Севиља и Лас Палмас. После 15 минути игра Танаусу погоди за водство на гостите. Севиља во првото полувреме најсериозната шанса за погодок ја имаше преку Бен Једер, но голманот на Лас Палмас одбрани. Во второто полувреме Севиља доминираше на теренот, Н Зонзи со глава за малку беше непрецизен. Потоа Сарабија се закани, но Варас не дозволи да прими погодок. Стигна таа 89-та минута и Бигас направи пенал и го доби вториот жолт картон на натпреварот. Резервниот фудбалер Сарабија ја намести топката на белата точка и погоди за израмнување. Во 94-та минута Фернандез погоди за конечни 2:1 и победа на Севиља. За Лас Палмас ова е прв пораз оваа сезона, а за Севиља ова е втора победа.