Фернандез правеше чуда – Сориано го замолкна Висенте Калдерон (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Виљареал го победија Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон во натпревар од 34-то коло во Ла Лига, 0:1.

Голманот на Виљареал, Фернандез во првото полувреме беше фантастичен на голот на жолтата подморница. Прво ги одбрани ударите на Кореа и Саул. Во неполна минута потоа Гризман и Гаитан не успеаа да го совладат гостинскиот голман.

Гаитан испрати удар во второто полувреме, но Фернандез повторно подобар од него. Торес шутираше непрецизно, а осум минути пред крајот на натпреварот Сориано ги постави конечните 0:1.