Ферусон: Мислев дека заскитав во фудбалот после гризењето


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот шкотски стручнак Сер Алекс Фергусон за англиските медиуми откри интересна приказна од времето кога играше фудбал.

    Познато е дека Фергусон не беше играч кој остави длабока трага во светот на фудбалот, но затоа сигурно е еден од најдобрите тренери на сите времиња.

    Некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед раскажа интересна приказна за тоа како “случајот Суарез“ и гризењето го почувствува на својата кожа.

    „Тоа беше во 1957 година кога имав само 16 години. Играв на десната страна во нападот, а ме чуваше Мекнајт. Прво ме пцуеше, а тогаш ме гризна. Го кажав тоа на менаџерот и тој ми порача и јас да го гризнам. Тоа тогаш помина незабележано, но на камерите денеска се се гледа. Гризењето стана популарно откако се појави Луис Суарез“, рече Фергусон.

    Шкотскиот стручнак додаде дека тоа му е еден од најлошите моменти во кариерата, и дека веќе тогаш мислеше дека залута во фудбалот. Фергусон брзо научи како треба да се однесува на терен.