Филип Кузмановски го разнесе Елверум среде Норвешка – Арсиќ ги растажи навивачите на норвешкиот клуб


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург славеа на гостувањето во Норвешка против Елверум со 26:31 во натпревар од седмото коло во Лигата на Шампионите.

    На стартот на натпреварот ракометарите на Металург постигнаа два погодоци во серија за водство од 1:3. Следуваше нова серија на избраниците на Лино Червар, овој пат од три погодоци за водство од 3:8. Петте погодоци во серија на ракометарите на Металург донесоја огромна предност во првото полувреме од 5:13. Подобра завршница имаа домашните и ја намалија негативата на Металург на 9:14. Лош старт имаа ракометарите на Металург во второто полувреме. Примија четири погодоци во серија и Елверум стигна до негатива од еден погодок, 13:14. На таа голема серија Металург одговори со помала, два погодоци за водство од 13:16. Ракометарите на Елверум ја намалуваа предноста на Металург на еден погодок, но расположениот Филип Кузмановски со своите торпеда го зголемуваше водството на македонскиот клуб. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со 22:25. Со четирите погодоци во серија на ракометарите на Металург ја обезбедија победата на денешниот натпревар, 23:29. Трета победа за Металург оваа сезона во ЛШ, втора против Елверум, 26:31.

    Филип Кузмановски со своите девет погодоци го предводеше Металург до победа. Обрадовиќ 6 постигна 6 погодоци. Голем придонес имаше голманот на Металург, Дарко Арсиќ кој го заврши натпреварот со 14 интервенции. Поклар со 7 погодоци беше најефикасен во тимот на Елверум.

    Металург во следното коло игра во Борис Трајковски против Татран Прешов, а Елверум гостува во Русија против Чеховски Медведи.