Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалските репрезентации на Хрватска и Франција ќе се борат за титулата првак на светот.
Националните тимови на овие земји покажаа најмногу и сосем заслужени една од нив ќе го носи епитетот најдобра во светот.
Многумина се прашуваат кој ќе суди во финалето во Москва. Главен кандидат беше србинот Милрад Мажиќ, но со пласманот на Хрватска во финалето, практично остана без шанси.
ФИФА не практикува вакви важни натпревари да ги суди судија од исто говорно подрачје како што е во овој случај, па финалето ќе го суди Иранецот Алиреза Фагани.
Овој судија судеше на три меча претходно, Србија-Бразил, Германија-Мексико и Франција-Аргентина.