ФИФА жестоко ќе го  казни фудбалскиот сојуз на Шпанија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    ФИФА денеска соопшти дека повторно ќе го казни фудбалскиот сојуз на Шпанија поради тоа што ги прекршија правилата околу трансферот на малолетни играчи кои дојдоа од странство.

    Челниците на ФИФА денеска го известија фудбалскиот сојуз на Шпанија дека наскоро може да очекуваат казна поради кршење на правилата околу трансфери и регистрација на млади играчи.

    Главната причина поради тоа е што овие правила ги прекршија Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

    Познато е дека ФИФА повеќе порано ги казни овие два клуба кои во наредните два преодни рокови нема да можат да бидат активни.

    Иако правилата ги прекршија клубовите на крајот парична казна ќе добие и Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

    Пред неколку години истата работа ја направи и Барселона, тогаш ФС на Шпанија на ФИФА сметката мораше да плати 220 000 франци.

    Овој пат прекршокот е нешто потежок и се шпекулира дека овој пат ќе биде милионска казна.

    ФИФА порача дека казната ќе биде многу поригорозна доколку овие работи се повторат во Шпанија.