Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
БиХ извади нерешено против Грција која пак се спаси во финишот на дуелот а воедно и од срам во сред Атина.
Сепак во центарот на внимание беа грчките навивачи кои извадија транспарент на кој пишуваше „Нож, Жица, Сребреница“. Грците после дуелот порачаа дека тоа е дело на поединци, а не на целата толпа грчки навивачи.
Во Грција се свесни за казната, и се молат тоа да не биде играње пред празни трибини, а ФИФА веќе започна да го разгледува случајот.
„Во тек сме со истражување за тоа што точно се случило во Атина“ – велат од ФИФА.