ФИФА: Роналдо, Меси или Гризман?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман влегоа во потесниот избор за најдобар играч во светот во 2016. година, соопштија од ФИФА.

ФИФА по шест години повторно независно го избира најдобриот, по паузата од „Frans football“, која ја доделува Златната топка.

Половина од гласовите ги доделуваат селекторите и капитените на сите национални тимови, како и новинарите на 200 редакции низ целиот свет, а втората половина се гласовите на навивачите на анкетата на веб сајтот на ФИФА.

На церемонијата ќе биде прогласен најдобриот, а Роналдо е апсолутен фаворит бидејќи со Реал освои Лига на Шампиони, а со Португалија Европско првенство. Церемонијата ќе се одржи на 9. јануари 2017. година во Цирих.