До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Меѓународната фудбалска федерација ги соопшти денеска имињата на 10 кандидати за најдобар тренер на годината.
Меѓу номинираните се Клаудио Раниери од Лестер и Зинедин Зидан од Реал Мадрид.
Раниери во минатата сезона во Премиер лигата го предводеше Лестер до првата шампионска титула во историјата на клубот, додека Зидан ја освои Лигата на шампионите, и покрај тоа што во јануари го презеде клубот, свој прв елитниот ранг.
Во конкуренција е и селекторот на Велс Крис Колман, кој го предводеше тимот до полуфиналето на Европското првенство во Франција во ова лето, како и минатогодинешниот освојувач на признанието тренерот на Барселона Луис Енрике и тренерот на Ливерпул Јирген Клоп.
Меѓу кандидатите се и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, кој го освои признанието во 2011 година, селекторот на европскиот шампион Португалија Фернандо Сантош, како и Дидие Дешан, кој ја предводеше Франција до финале на ЕП. Тука се и тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне, како и тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино.
Најдобриот ќе го изберат капитените и селекторите на репрезентациите, избрани претставници на медиумите, како и навивачите по пат на интернет.
ФИФА ќе го скрати списокот на 2 декември, а најдобриот ќе се прогласи на церемонија на 9 јануари во Цирих.
BREAKING: FIFA announces the 10 nominees for best men’s coach in 2016. pic.twitter.com/SjFN0nq6k9
— DW Sports (@dw_sports) November 2, 2016















