ФК Победа одблежа 75 години постоење


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Прволигашот Победа денес прослави 75 години од нивното постоење, а на прославата го немаше поранешниот прв човек на клубот, Хаџи Ристески.

    Прилепска Победа предводена од Игор Тошески и Денис Трајковски одбележа 75 години од постењето на клубот кој е основан во 1941-ва година. Имаше и кратка снимка на видеобим од натпреварот Победа – Перуџа. На прославата присуствуваа неколку познати поранешни фудбалери и ТВ новинари.

    Почитувани љубители на фудбалот, ви се обраќаме по повод неодамнешните шпекулации по повод прославата на 75 години од основањето на ФК Победа. Оваа прослава нема никаква врска со нашиот клуб прволигаш ФК Победа АД. Ние како клуб сакаме јавно да се оградиме од овие активности. Нашите мисли се целосно насочени кон првенствените натпревари, а вакви активности ни создаваат проблеми и ни го отежнуваат работењето.

    Како што се ближи истекувањето на казната на „старата“ Победа, станува сè поинтересно. Прво дали навистина таа Победа автоматски ќе се врати во елитата, а за тоа последен збор има Фудбалската Федерација на Македонија. Како што дознавме, пред извесно време челниците на „старата“ Победа упатиле барање до ФФМ со цел Федерацијата да се изјасни околу ова прашање, но до ден денешен одговор сè уште нема. Се разбира дека ова е осетлива тема и затоа треба добро да се размисли што и како понатаму. Ќе биде за Гинис ако следната сезона во Првата лига имаме две Победа и двете од Прилеп“, соопштија од ФК Победа.