(Фото) Гризман во Манчестер Јунајтед? Ова би можело да биде „доказ“ !


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Францускиот напаѓач, Антоан Гризман веќе некое време се поврзува како можно засилување на Манчестер Јунајтед.

    „Црвените ѓаволи“ и претходно беа заинтересирани за Гризман, а англиските медиуми сметаат дека сигурно постои можност трансферот да се случи во блиска иднина.

    Имено, Манчестер Јунајтед синоќа со убедливи 4:0 го победи Феенорд во рамките на 5. коло од Лигата на Европа, а братот на Гризман, Тео на Твитер воодушевено ја славеше победата и секој гол на Јунајтед.

    Дали тоа значи дека братот на Тео, Антоан Гризман би можел да го напушти Атлетико и да се пресели во Манчестер, не е познато, но дефинтивино објавите на Тео на Твитер можаат да донесат доза на оптимизам меѓу навивачите на клубот од „Олд Трафорд“.