Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобрите европски тимови од сезона во сезона прават големи чекори за титулата во најдобрите европски лиги.
Уште на почетокот на сезоната, некои од нив покажуваат силна форма, но таа допрва треба да го достигне својот врв.
Секогаш постојат тимови кои добро ја започнуваат сезоната, но потоа загубуваат во екот на сезоната.
Првенствата сепак се уште се на самиот почеток. Репрезентативните паузи многу влијаат врз тимовите и формата, тоа на своја кожа го почувствуваа играчите на Реал Мадрид и Барселона, кои не можат да врзат два добри натпревари.
Можеби за некои, и изненадување, но најдоглата низа на победи во најдобрите европски лиги ја има екипата на Арсенал.
„Топчиите“ врзаа пет победи во низа, а зад нив се уште две екипи од Премиер лигата, Ливерпул и Тотенхем, кои се во серија од четири врзани победи, а зад нив следат Јувентус и Ница со по три.
Доколку тимот на Арсен Венгер ја задржи ваквата форма, тоа најверојатно би значело и прекинување на долгогодишниот пост без титула во лигата, но до крајот е потребна константност и среќа во играта.