ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Последниот голем трансфер што се случи директно помеѓу едниот во другиот најголем клуб во светот е уште од 2000. година, кoга Луис Фиго како капитен на Барселона се пресели во Реал Мадрид.
Подоцна Хавиер Савиола по истекот на договорот со Барса, како слободен играч потпиша за Реал, но овие два трансфери ни приближно не кренаа толку прашина како што може да крене овој потенцијален трансфер.
Како што пренесуваат добро информирани извори од клубот, поточно „Mundo Deportivo“, Барселона внимателно ја следи ситуацијата со Иско и ќе се обиде да ги искористи неговите лоши односи со Реал.
Имено, Иско и неговиот татко, а исто така и негов агент, Пако Аларкон, смета дека Реал не го почитува доволно шпанскиот репрезентативец кој го одложува потпишувањето на нов договор.
Иско има договор со Реал до 2018. година и хипотетички кажано, тогаш би можел да дојде како идеална замена за Андрес Иниеста кој тогаш ќе има 34 години.
Флорентино Перез сигурно дека ќе направи се што може само ова да го спречи, меѓутоа, доколку Иско одбие да потпише нов договор, за година и половина дена никој во Реал нема ништо да праша и Шпанецот ќе може да потпише за Барселона како слободен играч.
Иско стана важен играч во Реал оваа сезона поради повредата на Модриќ, па повредата на Крос и тешко дека Реал би смеел да го казни со евентуално седење на клупата доколку одбие да потпише нов договор.
Но, она што е интересно од оваа ситуација е тоа што Иско, порано, како играч на Малага, бил практично виден во маичка од Барса, кој, исто така бил и навивач.