Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре го играат големото дерби против Ливерпул, а пред овој меч во центарот на вниманието е еден навивач на „црвените ѓаволи“.
Имено, навивачот на Јунајтед, Вејн Рајан, одлучи на својата нога да го истетовира грбот на Ливерпул, со што ја шокираше јавноста во Англија. Многумина знаат дека тој е голем навивач на Манчестер Јунајтед, но причината за овој потег ги воодушеви сите.
Рајан во чест на 4-годишното девојче Миа која боледува од леукемија одлучи да го истетовира грбот на лутиот ривал, за да покаже дека фудбалското ривалство не е поважно од животот на едно девојче. По објаснвуањето за причината на оваа тетоважа, многумина му чеституваа за овој потег.