(Фото) Ракитиќ со фотографија ги смири навивачите на Барселона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иван Ракитиќ за еден момент се најде во немилост под водство на менаџерот на Барселона, Луис Енрике, кој го казни со седење на клупа поради лошата форма.

По тоа, веднаш започнаа шпекулации за тоа дека Ракитиќ би можел да прифати една од богатите понуди од Англија и веќе оваа зима да ја напушти Барселона, но со објавувањето на Инстаграм на една слика која е стара 25 години Ракитиќ ги смири навивачите на Барселона.

„Од мали нозе го сакав овој голем клуб. За среќа, судбината ми даде прилика да бидам дел од него“, напиша 28-годишниот Хрват под фотограијата каде што како тригодишно дете на Божиќ игра со топка од Барселона.

Потсетуваме, Ракитиќ за каталонскиот гигант потпиша 2014. година, а договорот му трае до 2019. година.