(Фото) Уште една причина дека Роналдо ќе ја освои Златната топка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку до сега имавте дилема, сега веќе нема да имате, Кристијано Роналдо ќе ја освои Златната топка.

Освојувачот на Лигата на Шампионите минатата сезона и освојувачот на Европското првентство со Португалија е главниот фаворит за освојување на оваа награда која се доделува на најдобриот играч во светот.

Имаше многу информации кои кажуваа дека тој повторно ќе успее да се врати на врвот во светот, а последната информација е можеби и најсигурна.

Имено, се појави фотографија од новиот број на магазинот „Frane football“, на насловната страна е Роналдо со Златната топка во рацете, а покрај тоа стои и изјавата на Антоан Гризман која вели дека завршил зад две „чудовишта“, што значи дека Меси ќе заврши на второто место.