(Фото) Целиот остров му се смее на Сити: Погледнете како изгледал телефонот на Харт по црвениот картон на Браво


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Чиланскиот голман, Клаудио Браво синоќа во дуелот против Барселона направи голема грешка која скапо го чинеше Манчестер Сити.

    Браво прво му ја поклони топката на Луис Суарез, а потоа ја сопре со рака надвор од шеснаесетникот.

    Судијата, Милорад Мазиќ заслужено му покажа црвен картон, а Браво во Англија стана предмет на исмејвуање. Секако сите се сетија на Џо Харт, играчот кој Пеп Гвардиола го испрати на позајмица во Торино.

    Погледнете како изгледал мобилниот телефон на Харт по катастрофалната грешка на Клаудио Браво: