Французиите откриле поради што Погба е така лош во Манчестер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најскапиот фудбалер во историјата Пол Погба има големи проблеми после враќањето во Манчестер Јунајтед, а популарниот Франс Фудбал се занимаваше со детална анализа за играта на засилувањето кое Манчестер Јунајтед го плати 110 милиони евра.

    Имено, влијателните француски новинари мислат дека Погба добро се снаоѓа на терен, и дека неговиот учинок во играчка смисла не е толку лош, но дека физичката подготвеност е на очајно ниво, поради тоа што беше најголема предност за врема на играњето во Јувентус.

    „Тој исчезнува по 10 минути, не се движи добро, а покрај тоа често залудно троши сила“, немилосрдни се Французите.

    Да потсетиме, Погба после ЕП отиде во САД, тој воопшто не ги помина подготовките со својот клуб. Поради тоа, француските медиуми тврдат, сега го плаќа цехот и не му лесно да се врати во старата препознатлива форма.