„Французите треба да бидат среќни што Ибрахимовиќ замина“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече дека француската Лига 1 е поинтересна откако Златан Ибрахимовиќ замина од Пари Сен Жермен.

Ибрахимовиќ во ова лето го напушти ПСЖ после четири години и четири освоени титули шампион на Франција и премина во Јунајтед.

Тој во минатата сезона постигна 38 голови на 31 натпревар во францускиот шампионат, а ПСЖ веќе во март ја обезбеди титулата.

ПСЖ моментално е трето место на табелата со пет бода заостанување зад водечката Ница.

„Мислам дека луѓето во Франција треба да бидат среќни што Ибрахимовиќ замина, бидејќи сега конечно имаат натпреварување. Со Ибрахимовиќ не беше лига, беше само ПСЖ, ПСЖ, ПСЖ, Лига 1, Куп, Суперкуп, се…“, рече Мурињо за СФР Спорт.

„Сега имате лига која и јас ја гледам, ме интересира“, додаде Португалецот.

Ибрахимовиќ за Јунајтед во оваа сезона постигна 16 голови во сите натпреварувања.