Фудбалери на Тотенхем во епизода – “The Walking Dead”


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Денеска е “Ноќ на Вештерките па Кајл Вокер новајлијата покажа како тој ден се одбележува во лондонската екипа.

    Репрезентативецот на Англија и десен бек на Спарси ги запозна Винсент Јансен и Жорж Кевин НКунду со една традиција во редовите на оваа лондонска екипа, поврзана за “Ноќ на вештерките“.

    Имено, тој зададе задача новајлиите да се одбранат од неколку зомби кои надоаѓаат.

    Тие стоеја во мал круг, имаа со себе десетина топки, целта беше да не дозволат ниту еден зомби да влезе во нивниот круб со дефиниран простор.

    Во продолжението погледнете како Холанѓанецот и Французинот се снајдоа, се чини дека поранешниот фудбалер малку пресериозно ја сфати работата.