До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одличниот тренер Пеп Гвардиола на клупата на Баерн помина три години и за тој период освои се што можеше да се освои во Германија.
Гвардиола своето место на клупата на Баерн го препушти на Карло Анчелоти и замина во Манчестер Сити, а од тој момент поедини фудбалери на баварскиот клуб излегоа во јавноста со некои приказни кои не ги откриваа додека Шпанецот беше тренер.
Така дефанзивецот Холгер Бадштубер неодамна призна дека бил во немилост на Гвардиола и дека со некогашниот тренер не бил во најдобри односи.
„Нашиот сегашен тренер Анчелоти многу повеќе зборува со нас играчите. Кај Пеп беше подруго. Со него не комуницирав баш најдобро и мислам дека ме ингорираше. Точно е дека бев долго повреден, но Гвардиола не покажа претеран интерез за тоа“, рече Бадштубер.
Треба да се додаде дека Холдер Бадштубер (27) беше повреден речиси пола од тригодишната ера на Гвардиола на клупата на Баерн.















