Фудбалскиот свет во шок: Најдобриот фудбалер во светов би можел да заврши зад решетки


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    „El Confidencial“ дојде до прилично неверојатни податоци во врска со играчот на Реал Мадрид.

    Така, како вистинска бомба одекна веста дека Кристијано Роналдо го искористил даночниот систем во Ирска за да присвои повеќе пари од мултинационалните компании со кого потпишувал договори.

    Документите ги објави „Football Leaks“, кој открива дека маркетинг компанијата „Multisports & Image Managment (MIM) Limited“, основана во Даблин 2004. година потпишувала договори со големи брендови со кој се соработува португалскиот фудбалер.

    Споменатиот медиум пренесува дека во прашање се договори склучени со „Nike“, „Unilverom“, „KFC“, „Konami“ и „Toyota“, преку кој Роналдо всушност заработува милиони.

    Така е откриено дека компанијата основана од страна на Енди Квин, адвокатот роден во 1967. година, и нема директна врска со Португалецот.

    Напротив тоа, „MIM“ во 2012. година го превзеде договорот, односно компанијата е овластена да работи и да користи имиџ, име, изјави (пишани или говорни), потпис, биографски информации, фотографии и видео снимки кои се однесуваат на фудбалерот Кристијано Роналдо.

    Сето ова е направено бидејќи данокот во Ирска е двојно понизок отколку во Шпанија – 12.5%. Во согласност со тврдењата на споменатиот медиум, за шпанските власти Роналдо би морал да одвои околу 43,5% од платата.

    Доколку се покаже дека Роналдо има удел во компанијата „МIM“, и ако не е пријавена соработката со наведената фирма од која заработува минимун по 120,000 евра годишно, би морал кривично да одговара за затајување данок.

    Потсетуваме дека поради слични работи веќе се осудени фудбалерите на Барселона, Лионел Меси и Хавиер Маскерано, а обвинет е и Нејмар, кој судскиот случај е во тек.